1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот испраќа дополнителни војници на Косово

ЕМФ/шпигел21 април 2012

На две недели пред изборите во Србија, се заканува ново насилство-НАТО стравува од ескалација на ситуацијата во северно Косово, пишува Шпигел онлајн. Затоа, како што се вели, од Германија се побарани дополнителни војници

https://p.dw.com/p/14ioK
Фотографија: AP

На итно барање на НАТО, германскиот Бундесвер повторно ќе испрати итно 550 војници на Балканот, пишува „Шпигел онлајн“, додавајќи дека германските трупи, заедно со уште 150 дополнителни австриски војници би требало да спречат ескалација на насилството во асеверниот дел на Косово пред одржувањето на изборите во Србија, на петти мај. Командата на трупите во Потсдам вчеравечер (20.04) ги известила надлежните парламентарци дека се согласила со барањето на командатот на трупите на НАТО на Косово. Војниците се дел од таканаречените Оперативни резервни сили (ОРФ), кои беа повлечени од Косово само пред неколку недели. Сега, на први мај, би требало повторно на лице место да бидат подготвени за акција, пишува „Шпигел онлајн“.

Испраќањето на трупите, според Шпигел, ја илустрира тензичната состојба меѓу Србија и Косово. „Со актуелните спротивставени позиции што ги имаат Србија и Косово околу спроведувањето на изборите и веќе напрегнатата состојба во северно Косово, постои опасност од ескалација“, оценува Командата на силите во Потсдам. Таа додава дека постои „голем конфликтен потенцијал“ на цело Косово.

Инаку, силите за интервенција ОРФ беа повлечени неодамна од Косово во Германија по нивната прва кризна мисија. Во август минатата година, германскиот командант на силите на КФОР првпат побара ангажман на силите поради растечките тензии на Косово. Причина за ангажманот тогаш беше судирот околу компетенциите на граничните контроли меѓу Србија и Косово.