1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Бугарија сосема сигурно ќе и пристапи на ЕУ во 2007-та година“

6 мај 2004

- изјави денеска во Берлин германскиот канцелар Герхард Шредер по средбата со бугарскиот премиер Симеон Саксобурготски

https://p.dw.com/p/AcNk
Симеон Втори
Симеон ВториФотографија: AP

Во изминатите години оваа земја оствари голем напредок и затоа може да се очекува успешно завршување на преговорите за прием уште под ирското претседателство со Унијата до крајот на јуни. Проблеми со приближувањето до ЕУ меѓутоа постојат во случајот на соседна Романија, беа согласни домаќинот Шредер и гостинот од Софија. На вториот кандидат за прием заедно со Бугарија затоа треба да му се пружи дополнителна помош, оценија двајцата шефови на влади на разговорите во Берлин. Германскиот канцелар Шредер при тоа нагласи дека Бугарија во никој случај не би требало да биде соочена со одложувања поради проблемите на Романија.

Премиерот Саксобурготски во оваа прилика уште еднаш ги повика германските претпријатија на поинтензивни вложувања, пред се во енергетскиот сектор на Бугарија. Според оценката на Шредер економските односи меѓу двете земји доживуваат динамичен развој, а вкупниот обем на трговска размена минатата година за прв пат ја надмина и границата од две милијарди евра.

Домаќинот на крајот му вети на гостинот од Софија помош во напорите да се одбегне извршувањето на денеска донесената смртна пресуда против петте медицински сестри од Бугарија, обвинети за намерно заразување на околу 400 либиски деца со вирусот на сида.