1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија - барање за испорака

19 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJqR

Бугарија им достави на либиските власти официјално барање за испорачување на петте медицински сестри и палестинскиот лекар осудени на казна доживотен затвор поради намерно заразување 400 деца со вирусот ХИВ. Бугарското министерство за надворешни работи се повикува на постоечки билатерален договор од 1985 година. Медицинските сестри и лекарот прво беа осудени на смрт, но со одлука на највисокиот либиски судски совет, казната е преиначена во доживотен затвор.