1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Значително помалку терористички напади

Рахел Клајн
2 февруари 2019

Во минатата година забележан е најмал број на жртви на тероризам во последните десет години, се вели во извештајот на центарот Џејн од Лондон. Авторот на извештајот, Метју Херман за ДВ ги наведува причините за тоа.

https://p.dw.com/p/3CJub
Syrien, Al-Rakka: Soldaten der Syrischen Demokratischen Kräfte (SDF)
Фотографија: picture-alliance/AP/A. Waguih

Бројот на терористички напади во минатата година опаднал на 15.321, покажува Глобалниот индекс на напади кој секоја година го претставува Центарот за тероризам и бунтови Џејн  (ЏТИЦ) со седиште во Лондон

Тоа е, како што е наведено на презентацијата на извештајот од минатата недела, пад за една третина во споредба до 2017 година (22.487 напади), во која веќе имаше помалку напади отколку во 2016 година (24.202).

Според бројките собрани од страна на ЏТИЦ, бројот на цивилни жртви во нападите на „недржавните вооружени групи“ беше понизок за една четвртина и изнесува 13.483 што е најмал број во последните десет години, колку што постои овој индекс.

Авганистан е земја со најмногу напади

„Бројот на напади во 2016 и 2017 година екстремно порасна како последица на борбата за територии во Ирак и во Сирија, особено во Мосул и во Рака", вели за ДВ експертот за тероризм Метју Херман, заменик-директор на ЏТИЦ кој го подготви извештајот. „Сегашното намалување на бројот на напади, значи, првенствено се должи на слабеењето на Исламска држава ".

Symbolbild Soldaten Nigeria
Фотографија: Getty Images/AFP/I. Sanogo

Последица на тоа е дека Авганистан повторно  стана најопасна земја во светот според ризикот од терористички напади - во овој неславен престолот земјата ја замени Сирија. Голем раст на напади, исто така, се забележува и во источниот дел на Украина, кој го контролираат проруските сепаратисти.

Херман објаснува зошто Украина е при врвот: ЏТИЦ работи врз основа на достапните податоци, и до нив многу полесно се доаѓа  во Украина, отколку на пример во Авганистан. „Кога сепаратистите на границата пукаат од оружје со калибар, тогаш официјален Киев го бележи тоа како напад. Во Авганистан или во Сирија нема податоци за секоја мала размена на оган ".

Во Европа немаше масовни и спектакуларни напади како во претходните години. „Преовладувачкото мнозинство на насилството е сѐ уште исламистичко. Гледаме и раст на насилен потенцијал кај десничарскиот екстремизам. Сепак, бројките што доаѓаат од Западна Европа или од  САД во никој случај не се споредливи со исламистичкото насилство ", додава Херман во интервју за ДВ.

Ново легло на ИД е Западна Африка?

Нашиот соговорник вели дека сериозна заблуда би било тврдењето дека Исламска држава е поразена. „И покрај тоа што ИД има изгубено најголем дел од нејзината територија, тоа во поглед на бројот на жртвите и натаму беше најсмртоносна организација на светот. Заканата и натаму , не само во Ирак и во Сирија, туку и во Авганистан, Западна Африка, Јемен, Сомалија и во Југоисточна Азија, каде што групата се уште е активна “, истакнува  Херман, додавајќи дека втора најопасна терористичка група се талибанците.

Експерт за тероризам додава дека ако би морал да се обложи, тој би типувал дека наредната голема област на делување на исламистите ќе биде Западна Африка. „ИД ѝ нанесоа големи загуби на нигериската армија, многу дезертираа и армијата таму не е во најдобра состојба да ја брани територијата изложена на постојани напади од страна на ИД. Би бил изненаден ако ИД не успее да ја поврати контролата над областите во северна Нигерија ".

Глобалниот индекс на напади ги евидентира само нападите од страна на групи, кои лондонските експерти ги класифицираат како „терористички" или „недржавни". Со индексот не се опфатени нелегалните војни како нападите на саудиската коалиција во Јемен или нападите со беспилотни летала кои ширум светот ги извршува американската војска.