1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бродската несреќа не смее да влијае врз односите меѓу Скопје и Софија

8 септември 2009

Македонските и бугарските истажни органи тесно соработуваат во наоѓањето на причиините за несреќата на бродот„Илинден“. Обдукцијата на телата на загинатите е завршена и тие се префрлени во Бугарија.

https://p.dw.com/p/JVkc
Бродот „Илинден“ се’уште е во езерските водиФотографија: picture-alliance/ dpa

Македонската дипломатија реши да ги премолчи критиките на бугарскиот премиер Бојко Борисов за да не долева дополнителна нервоза во меѓу соседските односи во време кога граѓаните на двете земји искрено жалат за трагедијата и за жртвите. Во македонската јавност преовладува ставот дека политиката не треба да ги злоупотребува миговите на тага за сопствена афирмација и собирање поени.

Boyko Borisov
Премиерот на Бугарија, Бојко БорисовФотографија: AP

„Ние ќе ја испитаме одговорноста на бугарските фирми, но, во случајов целото безобразие е на Македонците“, изјави Борисов за бугарските медиуми. Во бугарската амбасада во Скопје е отворена книга на жалост во која се потпиша голем број граѓани и целиот државен врв.

Соработка меѓу македонските и бугарските истражни органи

Телата на жртвите доцна синоќа беа префрелни со бугарски воен авион од Скопје за Софија откако заврши обдукцијата и идентификацијата. Македонските и бугарските истражни и судски органи соработуваа во постапката. „Активностите што ги има преземено Јавното обвинителство, вклучуваат поднесено барање за спроведување истрага против капетанот на бродот, со можност доколку тоа произлезе од истрагата, истата да ја прошириме и кон други лица. Но, во овој момент, би се воздржал од какви било понатамошни коментари, се’ додека не се извршат неопходните вештачења, и не се провери целокупната документација која што е прибавена“, изјави јавниот обвинител на Македонија Љупчо Швргоски.

Бугарскиот обвинтел Камен Ситнилски е задоволен од соработката со македонските институции, но бара итно вадење на потонатиот брод од езерото за да биде утврдена причината за несреќата. „Убеден сум дека македонските колеги го прават неопходното за да се истражи кој и на каков начин дозволил бродот да плови со таква техничка исправност. Значи во таа истрага нема да биде вклучен само екипажот на бродот, на чело со капетанот туку и сите други официјални лица кои имаат надлежност за пловењето на тој брод“, изјави заменик државниот обвинител на Бугарија.

Се бара одговорност и од Јанкуловска

Политичките партии во Македонија чекаат разврска на понудената оставка на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Бараат одговорност и од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Schiffsunglück auf dem Ohrid See in Mazedonien
Бродот „Илинден“ пред несреќатаФотографија: picture-alliance/ dpa

„Два дена премиерот и неговите министри не се симнаа од медиумите, обидувајќи се да ја избегнат одговорноста, па дури и да извлечат некои дневно-политички поен од оваа огромна трагедија“, рече Андреј Петров од СДСМ.

Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ пак смета

„Оставката министерот Јанакиески ја поднесе од морални причини. Токму заради тоа сметам дека не може да коментираме една ваква оставка“.

Од кабинетот на премиерот Никола Груевски најавија дека за оставката на Јанакиески ќе се произнесе по празникот.

Досегашниот тек од истрагата во притвор го одведе капетанот на бродот Илинден, но се очекува да биде проширена одговнорноста за трагадијата во која загинаа 15 луѓе.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска