1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британецот Ховит нов известувач на ЕП за Македонија

10 мај 2011

Комисијата за надворешни работи на ЕП го избра британскиот европратеник Ричард Ховит ќе биде нов известувач во Европарламентот за Македонија.

https://p.dw.com/p/11DAW
Фотографија: DW

Ричард Ховит доаѓа од редовите на Прогресивната социјалистичка група во Европскиот парламент како член на британската Лабуристичка партија на Велика Британија. Тој како известувач за Македонија доаѓа на местото на словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој замина од функцијата по скандалот со корупција.

Последниот извештај за Македонија пред Европскиот парламент го бранеше бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин.

Автор: ЕМФ/СН/тг/миа

Редактор: Симе Недевски