1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел загрижен заради отуство на дијалог

Алексанадар Чомовски8 февруари 2007

Динамиката на реформите во Македонија е забавена,Брисел е загрижен поради некомуникацијата меѓу власта и опозицијата,што не продонесува за европскиот пат на земјата,изјави Оли Рен во Скопје

https://p.dw.com/p/AdZS
Еврокомесарот Рен
Еврокомесарот РенФотографија: dpa

Координиран притисок на меѓународната заедница врз македонските политичари.Синоќа пристигна еврокомесарот Оли Рен,кој ќе ја пренесе бриселската оценка дека Македонија е во застој со реформите и дека е загрижувачко отсуството на политички дијалог меѓу власта и опозицијата.

-Отсекогаш сме инсистирале на неопходноста од политичка стабилност,дијалог и консензус,за европските интегративни процеси тоа е клучно,изјави за Канал 5 еврокомесарот по пристигнувањето во Скопје.Оли Рен ќе се сретне со државно владиниот врв,а попладне и со лидерите на опозиционите СДСМ и ДУИ,Шеќеринска и Ахмети.Наредната недекла во Брисел повторно зааминува Никола Груевски.Наспроти владините објаснувања за ефикасна реализација на Охридскиот договор,и остварената комуникација власт опозиција,дипломатите упатуваат синхронизирани критики за застојот во двете свери.Состојбата се усложнува и со бојкот што ДУИ го врши на Парламентот.Синоќа во американската влада тричасовен разговор имаше лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепретседателката Теута Арифи.ДУИ сеуште не одговорил позитивно на поканата на премиерот Никола Груевски за лична средба со Ахмети и за враќање на претставниците од оваа партија на партиските разговори околу клучните реформи.

-Дали ќе има средба меѓу Груевски и Ахмети,зависи од тоа како ќе одлучи партијата, господинот Ахмети во консултација со партиските тела,но остануваме на тоа меѓународната заедница,посебно потписниците на Рамковниот договор да бидат вклучени сериозно,рече Теута Арифи по средбата со амбасадорката на САД Џилиен Миловановиќ.Дипломатите во Скопје не го одобруваат моделот на бојкот кон Парламентот,што го применуваат пратениците на ДУИ.Но,први знаци на можен компромис се учеството на градоначалниците на ДУИ во работата на ЗЕЛС,македонската заедница на општини.

-ЗЕЛС е невладина организација која ги брани општините пред централната власт и пред други институции,значи се залага за да се подобри процесот на децентрализација.Што с еоднесува до централната власт,проблемот останува и натаму,нема политички дијалог,рече Изет Меџити,од ДУИ,градоначалник на скопската општина Чаир.Неговата партија бараше 15-те градоначалници во етнички мешаните средини да ги прекинат сите односи со централната власт.Рокот од две недели изминува и нема најава за опструкција на ДУИ во процесот на децентрализација.

По ваквата координирана актција и притисок од меѓународната заедница,се поизвесна е и средбата Груевски –Ахмети,но и продолжување на четирипартитните раговори за клучните реформи и спроведување на Охридскиот договор.