Брејвик гаѓан со чевел на суд
11 мај 2012Реклама
Мажот кој го фрлил чевелот наместо Брејвик ја погодил столицата на која седел адвокатот на обвинетиот. Ваквиот потег бил дочекан со аплауз од дел од присутните.
По инцидентот напаѓачот веднаш бил отстранет од судницата, во придружба на обезбедувањето.
Брејвик призна дека на 22. јули убил 77 луѓе пред седиштето на норвешката влада во Осло и на островот Утоја, во Младинскиот камп на Лабуристичката партија. Норвешкиот ултрадесничар, меѓутоа, не смета дека има кривична одговорност за убиствата, за кои и самиот смета дека биле сурови, но и „потребни за да ја спаси земјата од муслиманската инвазија“.