Бранител на титулата
10 август 2009Реклама
Бранител на титулата во германската фудбалска Бундеслига е тимот што пред да стане првак, никој не го вбројуваше во фаворитите. Тренерот, што го доведе тимот до врвот - Феликс Магат во оваа сезона е на клупата на Шалке 04.
Ако сакате да учествувате во наградната игра, одговорот испраќајте го на адреса: macedoni@dw-world.de
Награда за претходното прашање
Одговор на претходното прашање - „Кој е новиот генерален секретар на НАТО?“, е - Андерс Фог Расмусен.
Добивме 48 точни одговори, а добитник на наградата, шамија со логото на „Дојче веле“, е Снежана Тодороска, ул: „Пирин Планина“ 61, Охрид.