1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил: Мирните протести преминаа во хаос

ЖА/дв/дпа21 јуни 2013

Социјалните неправди поттикнуваат на протести се‘ поголем број луѓе во Бразил, и покрај отстапките на владата. Во Рио де Жанеиро дојде до судири. Претседателката Дилма Русеф е алармирана.

https://p.dw.com/p/18tnH
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Стотици илјади Бразилци се противат на сегашната ситуација во својата земја. Само во Рио де Жанеиро синоќа (20.06) се собраа според проценките околу 300 илјади деминстранти.

„Целосно губење на контролата“

На почеток протестната поворка мирно поминуваше низ центарот на Рио. Но, потоа се случи ескалација: специјални единици на полицијата според очевидци употребиле солзавец и гумени куршуми. Луѓето ги зфатила паника, активисти поставиле барикади и палеле. Повредени се повеќе лица, меѓу кои и еден телевизиски репортер, кој бил погоден со гумен куршум во главата.

„Полицијата целосно ја загуби контролата, таа е неспособна да се справи со вакви демонстрации“, изјави колешка на репортерот. Голем дел од луѓето, откако слушнаа за судирите, го прекинаа протестот и заминаа дома.

Хаотична состојба владеела во најмалку пет градови, меѓу кои и главниот, Бразилија. Протестни акции се планирани во околу 80 градови во латиноамериканската земја. На маргините на протестите загина еден човек. Во Рибеирао Прето, оддалечен 300 километри од Сао Паоло, на барикадите подигнати од демонстрантите едно 18 годишно момче било прегазено од автомобил.

Brasilien / Rio / Protest
Фотографија: Reuters

Бразил наместо Јапонија

Поради повеќедневните демонстрации во земјата, бразилската претседателка Вилма Русеф го откажа патувањето во странство планирано за крајот на јуни и закажа кризна седница на владата.

„Русеф одлучи поради актуелните настани да остане во Бразил“, изјави нејзиниот портпарол. Бразилската претседателка требаше од 26 до 28 јуни да оди во посета на Јапонија и да се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Повод за избивање на нередите беше зголемувањето на цената на билетите во јавниот сообраќај, што во меѓувреме во голем дел е повлечено. Но, бесот на демонстрантите е насочен и против виските трошоци за организација на претстојното Светско фудбалско првенство 2014 и Олимписките летни игри 2016 година. Многумина Бразилци се незадоволни што државата вложува милионски суми во подготовката на спортските настани, но ги запоставува инвестициите во здравството и во образованието. Од минатата сабота во Бразил се одржува фудбалскиот Куп на конфедерациите. Тој се смета за главна проба пред Светското фудбалско првенство идната година, кое државата треба да ја чини околу единаесет милијарди евра.