1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбен говор на Сара Пејлин

4 септември 2008

Околу 2.400 делегати го номинираа 72 годишниот Џон Меккејн за претседателски кандидат на Републиканците. Сара Пејлин, гувернер во Сојузната држава Аљаска ќе биде негов заменик доколку победат на изборите во ноември.

https://p.dw.com/p/FB4A
Сара ПејлинФотографија: AP/ABC News

На партиската конвенција на Републиканците во Сент Паул кандидатот за потпреседателската функција Сара Пејлин со борбен говор настапи пред сопартијците и приврзаниците. Џон Меккејн на изненадување на многумина кратко по говорот на Пејлин излезе на говорницата и ги праша Републиканците - Зар не верувате дека го направив вистинскиот избор?

Говорот на 44 годишната Пејлин не беше богат со политички содржини, но таа од говорницита се претстави како борбена и самоверена. Во својот говор гувернерот на Аљаска не ги заобиколи медиумските извешти од последните денови - кои покрај другото известуваа и за едно спорно отпуштање на нејзин соработник како и бременоста на нејзината 17 годишна ќерка, иако таа во јавноста постојано се залагаше за секусална воздржаност на малолетниците.

Делегатите и посебно самата Пејлин овие напади ги смеаат за нефер „Јас не сум член на политчкиот естаблишмент, но последните денови научив дека во медиумите брзо добивате печат не несоодветен кандидат ако не и припаѓате на елититата во Вашингтон. Но имам една мала вест за сите репортери и коментатори кои такво нешто тврдат: Јас не одам во Вашинготн да ви се допаднам вас, одам во Вашингтон да им служам на луѓето од оваа земја.“

Поддршка од сопартијците

Но уште претходно во конгресната сала во Сент Паул стана јасно, колку по критички медиумите известуваа за Пејлин толку поодлучно партијата застана зад неа. Ова особено важеше за двајца посебни гости на партиската конвенција, ќерка и и момчето со кое го има детето. Но кратко откако се објави веста дека наскоро тие ќе стапат во брак, на сцена настапија нови префрлувања против гувернерот, во една црква во јуни годинава пред учениците рекла дека американската воена служба во Ирак била дадена од Господ! снимки од говорот биле објавени на интернет.

Најголемиот аплаус Пејлин во својот говор сепак го доби за нејзините напади против кандидатот на демократите Барак Обама, кого го претстави како каририст и опортунист.

Кратко пред полноќ по локално време дојде и една позитивна вест за гувернерот. Делегатите на партискиот конгрес со акламација уште сега официјално ги избраа Џон Меккејн за претседателски кандидат и Сара Пејлин за негов заменик. Џон Меккејн својот говор треба да го оддржи вечерва кога се очекува и да ја прифати номинацијата.