1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блискоисточен конфликт

20 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag1y

На Блискиот исток ситуацијата натаму се заострува. Израелската влада на југот од земјата прогласи вонредна состоба поради продолжените палестински ракетни напади. Армијата во наредните 48 часа ја презема контролата врз сите јавни и цивилни институции. Премиерот Ехуд Олмерт освен тоа, се закани со проширување на воените акции против Палестинците, до колку нападите не престанат. Од своја страна, милитантната палестинска организација Џихад најави нови самоубиствени напади, ако израелската армија влезе во појасот Газа.