1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блискиот Исток - буре барут

АТ/ ард/ дпа/ афп/ ртр/ дапд19 ноември 2012

Диполоматските активности за надминување на блискоисточниот конфликт се во полн ек. Денеска генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе се приклучи на преговорите меѓу Израел и Палестинците во Каиро.

https://p.dw.com/p/16lOW
Фотографија: JAAFAR ASHTIYEH/AFP/Getty Images

Меѓународната заедница со дипломатски средства се обидува да го поврати мирот на Блискиот Исток. Голема надеж се полага во Египет, со оглед на напорите на египетскиот претседател Мохамед Мурси и неговите блиски контакти со радикално- исламистичкито Хамас.

Претседателот на Египет имено во Каиро се сретна на разговори со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и со претставници на Катар и на Палестинците. Медиумите информираат дека со египетско посредство веќе се одржале разговори меѓу преговарачите на Израел и на Хамас. Дали притоа е постигнат напредок не е познато. Според палестинската новинска агенција Маан на преговорите во Каиро имало напредок, меѓутоа прекин на огнот во наредните денови е повеќе неверојатно дека ќе биде постигнат, изјавил политичарот на ПЛО, Набил Шаат. Израел сакал да ги спроведе своите услови и ги игнорирал барањата на Хамас и другите палестински фракции.

Gaza Israel Konflikt Protest Gewalt
Фотографија: JAAFAR ASHTIYEH/AFP/Getty Images

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика двете страни во конфликтот на итно положување на оружјето. Тој ќе отпатува на Блискиот Исток за лично да се заложи за ставање крај на насилството. Бан денеска се очекува на разговори во Каиро.

Исто така и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ги повика Израел и Палестинците на прекин на огнот.

Во барањето на излез од блискоисточната криза се вклучи и ЕУ. Министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат советување за конфликтот во Појасот Газа. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предложи средба на Блискоисточниот квартет, во кој се вклучени, Русија, САД, ЕУ и ОН. Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД Барак Обама го нагласија правото на израелската држава на самоодбрана. Истовремено двајцата државници телефонски разговараа со израелската влада при што порачале дека мора да се стори се’ за што е можно поскоро да се издејствува прекин на огнот.

Бројот на жртвите расте

И покрај сите дипломатски напори и апели за мир Израел и Хамас продолжија со напади на двете страни. Од средата, според израелски наводи милитантните Палестинци испукале речиси 1000 ракети врз Израел. Израел од своја страна нападна повеќе од 1100 цели во Појасот Газа, при што тешко се погодени владината зграда и главното седиште на Хамас. Според официјалните податоци во конфликтот досега се убиени повеќе од 70 Палестинци, додека во Израел животот го загубиле тројца цивили. Кон ова се надополнуваат речиси 500 повредени, речиси сите на страната на Палестинците.

Меѓу жителите на Појасот Газа во меѓувреме расте стравот од евентуална копнена офанзива. Причина за загриженост од израелска копнена офанзива во Појасот Газа предизвика изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: „Операцијата во Појасот Газа продолжува и подготвени сме во значителна мерка да ја прошириме“, предупреди Нетанјаху. Подготовките се во тек, 75.000 израелски резервисти се регрутирани, освен ова Израел на границата кон Појасот Газа стацинираше тенкови.