1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блер, нов претставник на мировниот квартет

26 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3S9

Британскиот премиер во заминување Тони Блер ќе биде нов претставник на блискоисточниот мировен квартет. Дипломати во Брисел велат дека Блер уште на денешните разговори во Ерусалим ќе биде официјално назначен на функцијата. Претставниците на САД, ЕУ, ОН, и Русија веќе ги завршиле разговорите околу ова прашање, потврдено е и во Вашингтон. Една од задачите на Блер ќе биде да помогне во изградбата на палестинска држава.