1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блер Иран

27 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJu

Британскиот премиер Тони Блер денеска предупреди дека напорите за ослободување на 15-те заробени британски војници во Иран може да влезе во поинаква фаза. Блер нагласи дека во моментов се во тек дипломатски активности, но детално не објасни што значи терминот нова фаза доколку дипломатијата не успее. Британскиот министер за андворешни работи Маргарет Бекет која е во посета на Анкара, уште еднаш повика на итно ослободување на војниците кои минатиот петок беа уапсени под образложение дека навлегле во територијалните води на Иран.