1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битка за преживеаните во Перу

17 август 2007

По разурнувачкиот земјотрес во Перу,во кој загинаа повеќе од 450 луѓе,екипите за спасување и илјадници доброволци трескавично работат на пронаоѓање преживеани под урнатините. Бројни соседни држави понудија помош.

https://p.dw.com/p/BVIV
Фотографија: AP

„Беше како на филм,викав по мојот најмал син,моите двајца синови,насекаде имаше викотници,луѓето едноставно не знаеја каде да одат и што да прават.Најпосле синот се одзва,единственото што го реков беше –ти благодарам Господе,што ми ги подари уште еднаш децата.“

Вака раскажува еден татко од Писко,пристанишен град со околу 55 илјади жители.Според градоначалникот,70 проценти од зградите се урнати или силно оштетени.Крајбрежниот регион 300 километри јужно од главниот град е најтешко погодената областод земјотресот.Целата ноќ луѓето ја поминаа на улиците од страв од нови потреси:

„Целата ноќ продолжуваше,на секои 20 минути,денеска утрото има помалку,но не можеме да влеземе во куќите,останавме надвор.“

По двата главни потреса беа регистрирани уште цела серија дополнителни.Градовите Писко, Ика и Кикна Алта нудат слика на пустош:уништени куќи,урнати мостови,непроодни улици.Болниците и самите се оштетени и безнадежно преполни.

Лекови и третман за сите

Претседателот Алан Гарсија повика сите повредени да бидат бесплатно лекувани:

„Здравствените дмови и болниците во сите области се повикани бесплатно да ги даваат услугите,без разлика дали се работи за осигуреници или не.“

Најпогодени се сиромашните

Потрагата по преживеани ноќта беше отежната поради прекинот на електричната струја.Се стравува дека бројката загинати и повредени и натаму ќе расте.Погодени се пред се сиромашните квартови со едностави неосигурани куќи

„Единственото за што се молам е помош од владата,бидејќи ние овде сме сите сиромашни,во моментов спиеме на улица,покриени со пластика,заедно со децата.А многу е студено,затоа молиме за што побрза помош.“

Во Ика се урна црква полна со луѓе,за време на богослужба,во неа биле 500 лица.Министерот за здравство Ваљеос лично отпатува во овој град:

„Сеуште има затрупани лица,се обидуваме да ги ослободиме,да ја интензивираме потрагата.“

Помош од соседите

Уште ноќеска претседателот Алан Гарсиа итно го свика кабинетот.Во меѓувреме многу соседни земји понудија помош.Авијацијата воспостави воздушен моство кризниот регион за да ги обезбеди луѓето со неопходни производи.

Перу е особено трустно подрачје.Сегашниот земјотрес беше веќе петти потежок во регионот од 1900 година. Во 1970 потрес со иста сила како вчера предизвика смрт на 70 илјади луѓе.