Билатерална македонско британска воена вежба
17 јуни 2007Реклама
Денеска во Македонија започнува билатерална воена вежба меѓу Македонија и Велика Британија. Вежбата Македонски Блесок 2007 ќе се одржи на армискиот полигон Криволак од 18 до 30 јуни, а во неа ќе учествуваат припадниците на првата македонска механизирана пешадиска бригада Шкорпиони и единицата на Армијата на Обединетото кралство. Ова е прва воена вежба која се изведува на билатерална основа. Целта на вежбата е примена на стандардните оперативни процедури на НАТО во борбени дејствија.