1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Билавал Буто нов претседател на Народната Партија во Пакистан

30 декември 2007

По убиството на лидерот на опозицијата Беназир Буто, делегатите на партијата на вонреден конгрес го именуваа нејзиниот 19 годишен син Билавал за нејзин наследник на функцијата.

https://p.dw.com/p/Ci9Z
Буто ја наследува нејзиниот синФотографија: AP
Семејството Буто останува на лидерската позиција на Народната партија во Пакистан. Билавал Буто функцијата ќе ја извршува со помош на неговиот татко и сопруг на Беназир, Асиф Али Зардари, кој е избран за заменик претседател на партијата. Еден од партиските делегати по изборот на новото раководство изјави:
„ Мислам дека е многу важно и дека народот, јавноста целата нација сакаше функцијата да продолжи да ја извршува некој од семејството Буто. Не гледам иднина на политиката во Пакистан без учество на семејството Буто Изборите сеуште неизвесни
Сеуште е непознато каква ќе биде одлуката на Народната партија во врска со учеството на парламентарните избори закажани за 8 јануари. Ден пред вонредниот состанок на изборната комисија, партијата на претседателот Первез Мушараф официјално соопшти дека ги откажува сите предизборни активности. Поранешниот заменик министер за информации Тарик Азим изјави дека ситуацијата по убиството на Буто станала многу тешка. Наслиствата во кои загинаа 38 лица и серијата апсења не е клима во која можеме да се претставиме пред гласачите, изјави Азим. Според него најреално би било да се очекува одложување на изборите за десет до дванаесет недели. Втората по големина опозициона политичка партија под водство на Наваз Шариф претпладнево соопшти дека ќе ја преиспита својата одлука за бојкот , доколку Народната партија донесе одлука да учествува на изборите во закажаниот термин.

Истрага за атентатот

Во меѓувреме новоформираниот специјален тим составен од припадници на силите за безбедност и правосудните органи започна истрага за убиството на Беназир Буто. Властите соопштија дека пред да биде активиран експлозивот од страна на атентаторот, биле истрелани три куршуми кон возилото на Буто. Од Народната партија ги отфрлија информациите дека Буто загинала како последица од удар во нејзиното возило и ги обвинија властите дека сакаат да ја префрлат одговорноста за своите пропусти.

Инаку агенциите јавуваат дека ситуацијата во земјата полека се движи кон нормала. Дел од продавниците повторно се отворени, а полека се обновуваат и резервите со неопходите животни намирници и нафта.