1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин жали поради негативниот одговор на Французите

30 мај 2005

Германскиот канцелар Герхард Шредер и министерот за надворешни работи Јошка Фишер изразија желење поради француското „НЕ„ за европскиот устав. Сепак, ова гласање мора да се почитува, изјави синоќа Шредер. Тој очекува анализата за француското одбивање да биде тема и на самитот на ЕУ кон седината на јуни. Во писмената изјава, исходот од референдумот Шредер го оцени како удар за уставниот процес, но дополни

https://p.dw.com/p/AcFA

дека тоа не е крај на процесот на ратификација, ниту крај на германско-француското партнерство во и за Европа.

Канцеларот не се изјасни за причините на француското одбивање. Според него, за тоа ќе се разговра на самитот на ЕУ во јуни. И германскиот евро-комесар Гинтер Ферхојген се изјасни против запирањето на процесот на ратификација:

„Мислам дека е најдобор да се остане на договореното. Земјите членки ја исполнуваат својата обрска и се вложуваат напори за ратификација. На крајот на идната година се среќаваат за да видат каде се.И тогаш на оние што не го ратификувале да им се каже како натаму. Постојат различни можности. Меѓутоа, ќе мора да се почитува суверенитетот на поединечните земји без да им се наложува однадвор што треба да прават„.

Според мислењето на шефот на зелените Рајнхарт Битикофер, една од можностите би била да се одржа референдум за уставот во цела Европа. На тој начин би се спречило внатрешно-политичките прашања да го определуваат тонот:

„Затоа би била добра идеја, бидејќи секкао ќе ни треба втор круг, во сите европски земји во исто време да се спроведе таков референдум и да се погрижиме за тоа вистина да се гласа за Европа„.

Почит кон француското решение дојде од претседателот на германските либерали Гидо Вестервеле, поврзано со пледоаје за референдум и во Германија, каде што Бундестагот и Бундесратот веќе го ратификуваа:

„Ова е тежок удар за нашата германска цел за унапредување на европското единство. Сепак верувам дека е исправно за толку важно прашање какво што е европскиот устав, да не решаваат парламентите, туку народот„.

Во сите политички кругови во Берлин, францускиот резултат се оценува како удар за европското единство, со страхување од запирање на европскиот мотор што досега го туркаше германско-францускиот дует.