1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград го осудува ставот на Скопје и Тирана за Косово

3 јуни 2007
https://p.dw.com/p/AnsM

Официјален Белград го осуди ставот на Македонија и Албанија за поддршка на планот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека изјавите на шефовите на дипломатиите на двете земји, Антонио Милошовски и Љуљзим Баша, за време на разговорите во Скопје, го прејудицираат конечниот статус на покраината и може да предизвикаат дестабилизација на регионот и уривање на основните принципи на меѓународниот поредок.