1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград бара конструктивност од Скопје

24 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BLg2

Српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ претпладнево на разговорите во Скопје побара од македонските власти да играат конструктивна улога во решавањето на косовското прашање. Синоќа во Вашингтон косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на разговорите со американската државна секретарка Кондолиза Рајс, изјави дека Приштина нема еднострано да прогласи независност. Инаку попладнево парламентот во Белград ќе расправа по владината предлог резолуција, во чиј текст стои дека Косово е неотуѓив дел од Србија. Покрај подготвенсота за продолжување на преговорите, во резолуцијата се предупредува дека каква било независност за покраината ќе претставува опасност и ќе предизвика соодветен одговор на државните органи во Србија согласно меѓународното право.