Белгиската влада го призна изборниот пораз
11 јуни 2007Реклама
По вчерашните парламентрни избори, во Белгија е на повидок смена на владеачката партија. Според првичните службени резултати опозиционите Христијано демократи се најсилна партија со 30 од 150те мандати. Либералната партија на премиерот Ги Ферхофстат го призна поразот. Со оглед на многубројните изгледи за коалицирање набљудувачите очекуваат комплицирана постапка до формирање на новата влада. Како нов премиер на Белгија во игра е Ив Летерне.