Бекштајн на местото на Штојбер
29 септември 2007Реклама
Германската Социјално христијанска унија го избра министерот за внатрешни работи Гинтер Бекштајн за свој кандидат за покраинските избори во 2008 година.На партискиот собир во Минхен Бекштајн доби 97 проценти од гласовите.Веќе на 9 октомври пратеничката група на партијата сака да го избере за наследник на десегашниот покраински премиер на Баварија Едмунд Штојбер.Неговиот наследник на партиската функција пак ќе биде избран денеска.