1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без голови и со Ангола

СН/БГ/макфакс30 мај 2012

По остварените 0:0 против Португалија, македонската фудбалска репрезентација со идентичен резултат го заврши и вториот контролен натпревар против Ангола.

https://p.dw.com/p/154GZ
Фотографија: Petr Stojanovski

Фудбалската репрезентација на Македонија и на вториот контролен натпревар, кој го одигра во Португалија, остана непоразена, но не успеа ниту да победи.
Избраниците на Џон Тошак, исто како и на натпреварот со Португалија, одигран
на 26. мај, ремизираа без голови со Ангола.
Македонската репрезентација играла подобро и имала поголем посед на топка.
„Црвено-жолтите“ најопсани биле од прекини, кога и биле создаде неколку
убави шанси, а најзрелата ја имал Шиков во 83. минута кога од 7-8 метри
упатил удар кон голот на Ангола кој бил изблокиран.
На спротивната страна репрезентативците на Ангола не се заканиле посериозно
кон голот на Нурединовски.
„Што се однесува до противникот, против себе имавме една добра екипа која
игра брз фудбал, но ние солидно ја контролиравме секоја ситуација. Ќе мора
да ја поправиме играта во завршницата и да постигнуваме голови доколку
сакаме да победуваме особено од изгледните прилики кои многу значат на
квалификациски натпревари“, изјави за интернет страницата на ФФМ, селекторот Тошак.

Тошак задоволен

Mazedonien Fußball Tainer John Toshack Pressekonferenz in Skopje
Џон ТошакФотографија: P.Stojanovski

Селекцијата на Ангола на ФИФА листата се наоѓа на 78-то место, што е за 20 места подобро од ранкингот кој го има македонската репрезентација.
Велшанецот на клупата на Македонија мечот против Ангола го започна со
следниот тим: Нурединоски, Д.Георгиевски, Урдинов, Шиков, Грнчаров (Мојсов 46м), Новевски, Демири(Демири 46м), Тричковски (Хасани 60м), Пандев (Спировски 46м), Ибраими (Муарем 85м)и Филип Ивановски (Фазли 62м).
„Екипата денеска изгледаше малку заморено по средбата со Португалија. Сепак
сум задоволен бидејќи иако не постигнавме погодок создадовме неколку убави
шанси, а во дефанзива повторно добро се браневме и мислам дека Ангола не
успеа да создаде ниту една посериозна шанса. Направивме шест замени и морам да кажам, дека овојпат научив многу за репрезентативците во овие 10 дена дружење“, истакна Тошак.
Реми натпреварите против Португалија и Ангола, селекции кои се подобро
рангирани од Македонија, на „црвено-жолтите“ ќе им донесе скок на ФИФА
листата, која светската куќа на фудбалот ќе ја објави на 6. јуни.