1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безредија во Каиро

ЕМФ/дв12 февруари 2013

На втората годишнина од повлекувањето на долгогодишниот властодржец во Египет, Хосни Мубарак, во Каиро повторно дојде до тешки безредија.

https://p.dw.com/p/17cZs
Фотографија: Reuters

Повеќе од десет илјади активисти демонстрираа против новата исламистичка влада во Египет на втората годишнина од повлекувањето на Хосни Мубарак од власт. Противниците на актуелниот египетски претседател Мохамед Мурси фрлаа со камења врз претседателската палата и водеа улични борби со полицијата, која употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.

Протести имаше и во вториот по големина египетски град, Александрија. Припадници на повеќе партии делеа соопштение во кое, како што јавија египетските медиуми, меѓу другото, се вели: „Минаа две години од падот на корумпираниот режим, но ние не можеме да констатираме дека нешто се променило.“

Демонстрантите го обвинуваат Мурси и Муслиманското братство дека ги предале идеалите од револуцијата во 2011 година, која го примора Мубарак да се повлече по цели три децении владеење. Египет со недели е во длабока внатрешнополитичка криза. Постојано има масовни демонстрации против Мурси, кои често завршуваат со насилство.