1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безбедносните служби се закана за слободата на медиумите

Мирјам Герке / Александар Методијев12 февруари 2014

Безбедносните служби ја попречуваат работата на новинарите. Исклучок не се ниту западните демократии. „Репортери без граници“ предупредуваат на фатален сигнал за недемократските земји.

https://p.dw.com/p/1B7FD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Војникот Бредли Менинг е осуден во САД на затворска казна од 35 години. Поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден е убеден дека него во татковината не го очекува фер судење. Пораката за потенцијалните информанти е - кој ќе им дава на новинарите чувствителни информации за работата на институциите тој ќе се соочи со драконски казни. До ваков заклучок доаѓа организацијата „Репортери без граници“ во актуелната ранг-листа за слобода во медиумите, кој е објавена денеска (12.02.2014).

„Државниот прогон на истражувачките новинари во САД и на нивните извори, преку безбедносните служби, достигна невидени размери“, вели Кристијан Мир, раководител на „Репортери без граници“ во интервју за Дојче веле. „Ако изворите повеќе не ви веруваат, тогаш пред вас имате суштинско задушување на слободата на медиумите и драматично уназадување на демократијата“, додава Мир.

Западот сепак останува на врвот

Од овој развој произлегува „фатален сигнал за земји како Туркменистан, Сирија или Турција“, вели Мир. Тој додава дека „кога и самите традиционални демократии повеќе не ја третираат слободата на медиумите како непроценливо значајно добро, тогаш овие земји повеќе не се чувствуваат под притисок, ако политички се нагласува слободата на медиумите“.

Раководителот на „Репортери без граници“ како пример го наведува она што се случи со британскиот весник Гардијан, а беше поврзано со објавувањето на информациите добиени од Едвард Сноуден. Редакцијата минатата година се најде под притисок и беше побарано да ги уништи компакт-дисковите со информациите од доушникот Сноуден.

Journalisten Demonstration Istanbul 12. Juli 2013
Новинари на протест во ИстанбулФотографија: picture alliance/AP Photo

Германија на оваа листа се наоѓа на 14 место, во горната половина. И тука домашните и странските безбедносни служби во повеќе случаи се обидоа да ги заплашат новинарите, оценуваат од „Репортери без граници“. Истражни органи запленија истражувачки материјал на новинари, а Службата за заштита на уставот во Долна Саксонија со години следела повеќе новинари. Новинарите исто така се изложени и на закани од неонацисти, салафисти или криминалци.

„Германија се разликува од останатите земји според своето силно и пред се’ независно судство“, нагласува Кристијан Мир.

Ранг-листата на „Репортери без граници“ ја споредува ситуацијата во медиумите во 180 земји и региони во временскиот период од декември 2012 до средината на октомври 2013 година. На врвот се наоѓаат земји од Западна и Северозападна Европа. Финска, Холандија, Норвешка, Луксембург и Андора остануваат непроменети на првите места. Најдолу на листата, исто така без промени, остануваат Сомалија, Сирија, Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан.

Земјите од Балканот - проблематични деца во Европа

За време на протестите околу паркот Гези во Истанбул, меѓу мај и септември, повредени се 153 новинари, а 39 се приведени. Откако во минатата година беа блокирани илјадници интернет страници, владата сега усвои закон со кој на Службата за телекомуникации и’ се овозможува без судски налог да блокира вебстраници. Законот треба да биде потпишан од страна на турскиот претседател Абдула Ѓул. Во земјата и странство има остри критики поради ова. Во минатите недели, за време на протестите против интернет-цензурата дојде до жестоки судири со полицијата. Во моментов, во Турција има 60 новинари кои се наоѓаат во затвор, како „последица на злоупотребата на закони за борба против тероризмот“, нагласува Кристијан Мир. „Кој ќе информира за конфликтот со Курдите, веднаш си се прави осимничен за тероризам“.

Symbolbild Pressefreiheit Journalisten Ägypten
Посебно тешка е работата на новинарите во арапските земјиФотографија: picture-alliance/AP

Во рамките на ЕУ Бугарија го има последното место. „Ситуацијата е напната пред се’ за независните новинари, а во прв ред за истражувачките репортиери, чии авотмобили се запалувани“, стои во извештајот на „Репортери без граници“. Унгарија, балканските земји и Грција и натаму остануваат како проблематични деца во Европа.Од 2009-та година Грција падна за 50 места на ранг-листата. За тоа придонесе и затворањето на државната телевизија со четири телевизиски и пет радиостаници. Во исто време, се зголемуваат нападите врз новинарите во земјата. „Се зголемуваат заканите од десноекстремистичките кругови кон новинарите, кои известуваат критички за теми како што е расизмот или, пак, за други општествено-релевантни прашања“, вели Мир.

Блискиот Исток - буре барут

Во земјите од Арапската пролет „Репортери без граници“ не регистрираат некаков напредок во однос на слободата во медиумите. Кристијан Мир заклучува дека „брзата промена на режимот во минатото само ретко доведе до континуиран напредок“. Така, Египет се наоѓа на непроменетото 159 место, Тунис на 133, а Сирија на 177-мо место. „Во ниту една земја во светот не се живее и работи толку опасно како новинар како што е тоа во Сирија“, заклучува Мир.