1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн и Манчестер Сити осминафиналисти во Лигата на шампионите

ЖА/миа/макфакс6 ноември 2013

Фудбалерите на Бајерн Минхен и Манчестер Сити од Д групата, како и Реал Мадрид од Ц групата, на две кола до крајот на фазата по групи обезбедија пласман во нокаут фазата, во Лигата на шампиони.

https://p.dw.com/p/1ACxR
Фотографија: Getty Images

Екипите на Бајерн Минхен и на Манчестер Сити се првите кои обезбедија пласман во осминафиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони. И двете екипи синоќа во рамките на 4. коло славеа победи, а првата шанса за обезбедување учество во следната фаза уште по оваа рунда не ја искористија ПСЖ и Реал Мадрид.

Во дербито на вечерта италијанскиот шампион Јувентус на свој терен одигра нерешено со Реал Мадрид и остана со шанса за осминафинале.

Резултати на синоќа одиграните натпревари од 4.коло во ЛШ и табели во групите А, Б, Ц и Д:

А група: Шахтјор - Бајер Леверкузен 0:0, Сосиедад - Манчестер Јунајтед 0:0.

Табела: Манчестер Јунајтед 8 бодови, Бајер Леверкузен 7, Шахтјор 5, Сосиедад 1.

Б група: Копенхаген - Галатасарај 1:0, Јувентус - Реал Мадрид 2:2.

Табела: Реал Мадрид 10 бодови, Копенхаген 4, Галатасарај 4, Јувентус 3.

Ц група: Пари Сен-Жермен - Андерлехт 1:1, Олимпијакос - Бенфика 1:0.

Табела: ПСЖ 10 бодови, Олимпијакос 7, Бенфика 5, Андерлехт 1.

Д група: Манчетсер Сити - ЦСКА Москва 5:2, Викторија Плзењ - Бајерн Минхен 0:1.

Табела: Бајерн Минхен 12 бодови, Манчетсер Сити 9, ЦСКА Москва 3, Викторија 0.