1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барселона против Милан во Лигата на шампионите

16 март 2012

Шпанските гиганти Барселона и Реал одбегнаа меѓусебен дуел се’ до евентуалното финале. Бајерн против Олимпик, Реал го доби Апоел

https://p.dw.com/p/14LcC
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Европскиот првак Барселона ќе мора да го мине италијанскиот Милан за пласман во полуфиналето на Лигата на Шампионите. На жрепката во швајцарскиот Нион денеска беа извлечени двојките за четврт и полуфиналните дуели во најсилното европско клупско натпреварување.

Освен големото дерби на шпанскиот и италијанскиот првак, во останатите дуели фаворитите сепак избегнаа посилни противници.

Германскиот Бајерн Минхен, чиј стадион Алијанц Арената е домаќин на финалето годинава, за противник го доби францускиот Олимпик Марсеј. Победникот од овој двомеч во полуфиналето потоа се среќава со подобриот од дуелот меѓу Апоел Никозија и Реал Мадрид.

Последната двојка ја сочинуваат португалската Бенфика и англискиот Челзи. Победникот од овој дуел за пласман во финалето ќе го очекува подобриот од двомечот Барселона-Милан.

Домаќини на првите средби се Апоел, Олимпик, Бенфика и Милан. Првите мечеви се на програмата на 27 и 28 март, а реваншите на 3 и 4 април.

Автор: БГ/дпа

Редактор: Симе Недевски