1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан: Гадафи треба да ги слуша граѓаните на Либија

7 јули 2011

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, денеска изјави дека се во тек преговорите за ставање крај на конфликтот во Либија и оти властодржецот Моамер Гадафи треба да извлече заклучоци засновани на интересите на Либијците.

https://p.dw.com/p/11r6R
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки МунФотографија: picture-alliance/dpa

„Ние сме далеку од постигнување договор за ставање крај на конфликтот, но преговарачкиот процес е во тек“, изјави Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, во Женева. Тој притоа го повтори повикот за итно и одржливо примирје за да се овозможи хуманитарната помош да стигне до цивилното население. „Гадафи треба мора многу повнимателно и посериозно да слушне што би било најдобро за иднината на либискиот народ“ , изјави Бан.

Gaddafi vor UN-Vollversammlung
Либискиот властодржец Моамер ел ГадафиФотографија: AP

Европскиот парламент претходно, донесе резолуција во која изрази загриженост од тешката хуманитарна ситуација во Либија. Во документот, ЕП наведува дека замрзнатите сметки на либиската влада во ЕУ треба да бидат дадени на користење на Преодниот национален совет.

Либиските бунтовници, од друга страна, тврдат дека напредуваат кон главниот град Триполи. Тие денеска (07.07) соопштија дека го зазеле целиот регион на Западните планини, по борби со силите на режимот на Моамер Гадафи.
Бунтовничкиот портпарол Ахмед Бани рече дека регионот е многу важен за борците на опозицијата, кои сега се на само 50 километри од Триполи.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска