Баерн се зацврсти на лидерската позиција
8 октомври 2007Реклама
Баерн Минхен со вчерашниот триумф против Нирнберг од 3:0 ја зголеми предноста на лидерската позиција во Бундеслигата. Баварците сега имаат пет бодови предност пред второпласираниот Карлсруе, кој во саботата на гости го совлада Шалке со 2:0. Инаку во вториот неделен натпревар Ајнтрах Франкфурт го совлада Баер Леверкузен со 2:1.