Баерн елиминиран од Купот на Германија!
21 декември 2006Реклама
Бранителот на титулата во Германскиот фудбалски куп Баерн од Минхен е елиминиран од понатамошните натпревари во годинашниот куп: во осминафиналето во Ахен, Алеманија го совлада Баерн со 4 спрема 2.
Синоќе се постигнати и овие резултати:
Хановер – Дуизбург 1 спрема 0
Гројтер Фирт – Волфсбург 1 спрема 3
Кикерс Офенбах – Вакер Бургхаузен 2 спрема 1.
Претходно, во вторникот, за четвртфиналето пласман обезбедија и Штутгарт, Херта Берлин, Ајнтрахт Франкфурт и Нирнберг.