1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети: Спорот за името да се реши што поскоро

11 април 2011

Гласачите нема да ни‘ простат ако не ја исполниме нивната волја за евроатлантски интеграции, изјави за ДВ лидерот на ДУИ Али Ахмети, според кого спорот околу името треба да се реши што поскоро.

https://p.dw.com/p/10rRB
Али Ахмети
Али АхметиФотографија: Petar Stojanovski

„Меѓународниот фактор инвестирал многу во Македонија, од ЕУ до САД. Јас мислам дека не смееме да задоцниме, треба што поскоро да го решиме спорот околу името. Ни треба решение, компромис, бидејќи немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Гласачите нема да ни простат, ако не ја исполниме нивната плебисцитарна волја за евроатлантска интеграција. Мислам дека нема потреба да бараме виновник во меѓудржавните и меѓусоседските односи, ниту пак ни требаат провокации во нашите јавни политички настапи. Решавањето на спорот со Грција е взаемно добро за двете земји и треба да се затвори една етапа на недоверба. Јас побарав од претседателот на ЕК Барозо, Унијата поактивно да се вклучи и убеден сум дека таа и САД, со понепосредно ангажирање, ќе бидат вклучени во конечната разврска во долгогодишниот спор со Грција,“ изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска