1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад на гости кај Шангајската група

15 јуни 2006

Во центарот на вниманието на состанокот на Шангајската група на почетокот се најде еден гостин, иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој иако со ниту еден збор не го спомна актуелниот спор со САД околу атомската програма на неговата земја, со себе донесе интересни предлози за соработка.

https://p.dw.com/p/Ae0t
Учесниците на средбата во Шангај
Учесниците на средбата во ШангајФотографија: AP

Впрочем, петте земји на Шангајската група се доживуваат како своевиден против-тег на ширењето на американската доминација и во регионот на Централна Азија.

„Ја градиме во силна организација на регионалната политика и трговија. Така можеме да ја спречиме заканата од мешање на други земји. Треба да се бориме против неправедност, предрасуди и застрашување. Тоа е основата на меѓународниот мир и стабилност„ – порача на средбата во Шангај, иранскиот претседател Ахмадинеџад. Во организацијата за соработка, основана пред пет години, членуваат Кина, Русија, Казахстан, Киргизија, Таџикистан и Узбекистан. Иран, исто како и Индија и Пакистан, има статус на набљудувач, додека авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дојде во улогата на гостин. Пред највисоките претставници на овие земји иранскиот претседател поднесе конретни предлози за соработка:

„Сакам да нагласам дека Иран има неповторлив стопански и геополитички потенцијал. Развојот на енергијата е за мојата земја се‘ поважен. Тоа отвора можности за соработка со оваа организација. Иран за таа цел предлага средба на министрите за енергија, каде ќе се разговара за експлоатација и транспорт на енергенси, од што сите можат да профитираат. Иран радо ќе ја преземе улогата на домаќин на таа средба.„

Дека членките на Шангајската група имаат отворени уши за предлозите на гостинот од Техеран сведочи и фактот што со него ќе се сретнат и кинескиот и рускиот претседател Ху Ѓинтао и Владимир Путин. Се очекува на средбите да стане збор и за атомската програма на Иран. Од Вашингтон во меѓувреме пристигнаа критики на сметка на Шангајската петорка, бидејќи во поканата за иранскиот претедател САД гледаат обид за создавање моќен политички блок насочен против НАТО. На таквите стравувања од Вашингтон им се спротистави Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев.

„Светот мора да верува дека Шангајската организација за соработка не е насочена против трети земји. Ние не сакаме конфликти, туку конструктивна соработка. Ние се бориме против тероризмот, решаваме економски проблеми и поттикнуваме културна размена.„

Во Шангај се очекува меѓу другото да бидат потпишани спогодби за соработка и на полето на борбата против трговијата со дрога, при што клучна улога игра Авганистан како еден од најголемите производители на дроги.

„Треба да ја засилиме соработката околу правните и безбедносни прашања и посебно би требало да разменуваме информации. Така можеме подобро да се бориме против терористите„ – нагласи кинескиот претседател Ху Ѓинтао.

По создавањето на Центар за информации за борба против тероризмот, овој пат треба да биде договорен и центар против трговија со дроги.