1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Африканската унија сака да посредува во Либија

10 април 2011

Висока делегација на Африканската Унија е на пат кон Либија каде што треба да претстави предлог за прекин на огнот. Од земјата меѓутоа се јавува за натамошни борби меѓу бунтовниците и силите на властодржецот Гадафи.

https://p.dw.com/p/10qwH
Либиски бунтовник во АџдабијаФотографија: AP

Посредничката делегација на Африканската Унија која ја сочинуваат претседателите на Мавританија, Мали, Конго и Јужноафриканската република треба да престојува во Триполи и во бунтовничкото упориште Бенгази каде на двете страни во конфликтот ќе им го претстави својот предлог за прекин на огнот во земјата. Претходно посредниците од Африканската Унија побараа итно запирање на вооруженото насилство во Либија.

Kämpfe in Libyen
Бомбардирање во близината на градот Брега

Од другастрана на теренот продолжуваат борбите меѓу трупите лојални на Гадафи и бунтовниците и тоа пред се’ во градовите Мисрата и Аџдабија.

Цивилите во се’ подраматична состојба

Трупите на либискиот властодржец притоа се покажуваат како поуспешни. Тие имено успеале да продрат во градот Аџдабија, околу кој со денови се водат жестоки битки. Во градот Мисрата кој е опколен од владините трупи пак биле убиени најмалку 30 востаници,

Властите во Триполи уште се пофалија дека во близина на градот Брега биле соборени два хеликоптери на бунтовниците. Истовремено ситуацијата на цивилното население е се’ подраматична. Во текот на ноќта брод со бегалци од Мисрата пристигна во Бенгази. Нивните сведоштва се потресни:

„ Страшно е, насекаде паѓаат бомби. Толку е тешко што не може да се опише со зборови“

Со цел да им помогне на цивилите кои страдаат, Европската унија се подготвува за хуманитарни операции кои ќе имаат воена заштита.

Автор:СН/ЖА/дв/ртр

Редактор: Жана Ацеска