Атлантис се прикачи на ИСС
11 јуни 2007Реклама
Американскиот вселенски брод Атлантис, по два дена лет, според планираното се прикачи на меѓународната вселенска станица ИСС. Атлантис во вселената ќе остане најмалку една недела. Астронаутите ќе се обидат да го подобрат снабдувањето со струја на вселенската станица, за што ќе инсталираат соларно едро.