1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атентатот во Авганистан наиде на голема осуда

7 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C4xL

Најголемиот самоубиствен напад во Авганистан досега, наиде на жестока осуда во меѓународни рамки. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и американската влада го оценија како грозен чин. Бан истовремено изрази загриженост поради нестабилната безбедносна состојба во Авганистан. Нападот се случи во провинцијата Баглан на 150 километри северно од Кабул кога парламентарна делегација била во посета на фабрика за шеќер, поддржувана со герамнски средства. Во нападот беа убиени 41 лица, меѓу нив и шест авганистански пратеници и деца, а околу 80 се повредени.