1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Апсења и протести во Пакистан

5 ноември 2007

Зад решетки во Пакистан се најдоа уште 700 луѓе, меѓу кои и се познати адвокати кои протестираат против одлуката на претседателот Перфез Мушараф за вонредна состојба. Од сојузникот, САД стигнаа остри критики.

https://p.dw.com/p/C14g
Опозиционерите зад решеткиФотографија: AP

Пакистанската полиција е во акција против адвокатите кои денеска демонстрираат пред зградата на Врховниот суд во Карачи. Уапсени се најмалку 50 лица, а агенциите јавуваат дека полицијата употребува и пендреци.

“Не се плашиме од апсењата, ќе ја продолжиме нашата борба”, изјаби Абдул Хафез адвокат додека полицијата го ставаше во полициското возило, известува агенцијата Ројтерс. И покрај апсењата, движењето на адвокатите најави дека ќе се бори против Мушараф поради одлуката да го смени првиот човек на Врховниот суд во земјата. Планирани се протести и во други градови пред поголемите судови.

САД со критики до Мушараф

Најголемата опозциона исламистичка партија Џамат ел ислами објави дека во текот на ноќта се уапсени уште 600 до 700 нивни приврзеници во јужниот и централниот дел на земјата. Властите претходно уапсија 500 приврзаници на опозицијата и адвокати кои се против нив, под официјално објаснение дека се работи за “превентивна мерка”.

Ausnahmezustand in Pakistan
Се уште владее вонредна состојбаФотографија: AP

Американската министерка за надворешни Кондолиза Рајс изјави дека Вашингтон е разочаран од постапките на претседателот Мушараф. Предупреди дека САД ќе ја преиспита помошта за својот сојузник во борбата против тероризмот. Во изминативе пет години Пакистан од САД доби околу 10 милијарди долари помош.

Шариф : “Пакистан е заложник на Мушараф”

Адвокати, новинари и опозиционери, како и обични луѓе, сметаат дека одлуката на Мушараф да прогласи вонредна состојба е за да го спречи Врховниот суд да донесе одлуката според која неговиот реизбор за претседател минатиот месец ќе биде невалиден. Поранешниот премиер Наваз Шариф за Би би си изјави:

“Ова е се поради лични причини. Еден човек мисли дека може да ја земе за заложник целата нација само за да си ги оствари своите интереси. Сака да биде претседател и во следниот мандат, што веројатно ќе му беше оспорено од Врховниот суд. За да ја спречи таквата судска одлука тој презеде драстични мерки против Врховниот суд и целото цивилно општество во земјата”

Судот в понеделник требаше да одлучи дали Мушараф имал право на реизбор на местото претседател додека истовремено е и шеф на армијата. Поголемиот дел од судиите во Врховниот суд, меѓу кои и главниот судија Ифтикар Чодри, се сменети со луѓе на Мушараф.