Англија отпадна
22 ноември 2007
Како последни синоќа пласман обезбедија репрезентациите на Турција, Шведска, Русија и Португалија. Хрватска, која уште од минатото коло обезбеди пласман, синоќа на гости ја порази Англија со 3 спрема 2, пораз со кој Англичаните остануваат дома. Во истата група Русија ја победи Андора со 1 спрема 0, ја мина Англија на табелата и ќе патува на Европското првенство. Турција на домашен терен ја совлада Босна и Херцеговина со 1 спрема 0 и ќе учествува на првенството, исто како и Шведска која во последниот натрпевар ја победи екипата на Исланд со 2 спрема 1. Претходно, пласман веќе обезбедија репрезентациите на Германија, Италија, Франција, Полска, Холандија, Шпанија, Хрватска, Чешка, Романија и бранителот на титулата европски првак Грција. Германија синоќа го одигра последниот натпревар во оваа година. Во слаб и немотитивран настап против Велс, избраниците на Јоахим Лев на разочарување на публиката, постигнаа бледи 0 спрема 0. По натпреварот Лев изјави:
„Одигравме многу натпревари на кои постигнавме многу голови. Каде што има аплаузи, таму има и свирежи. Со тоа мора да се живее„.