1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Англија ги забрани автоматите за цигари

1 октомври 2011

Автоматите за продавање цигари се забранети во Англија, така што пабовите, клубовите и другите јавни локали, каде сега има вакви машини ризикуваат казна од 2.500 фунти, доколку продолжат да продаваат цигари на овој начин

https://p.dw.com/p/12kKc
Автоматите за цигари наскоро ќе бидат минато во АнглијаФотографија: picture-alliance/ ZB

Министерството за здравство соопшти дека ваквата мерка е донесена за да се оневозможат малолетниците да купуваат цигари, како и за да поттикнат возрасните да се откажат од пушењето.

Дел од сопствениците на пабовите, каде ваквите автомати ги има најмногу, се незадоволни од оваа најнова забрана во врска со пушењето. Според нивното објаснување, забраната на автоматите за цигари уште повеќе ќе ги обезличи овие неколку векови стари традиционални локали, каде Англичаните се собираат на разговор со кригла пиво и цигара, кои веќе почнаа да го губат стариот шарм, со забраната за пушење во нив.

Symbolbild Rauchverbot
Фотографија: hpw/Fotolia

Но британската фондација за здравство и хуманитарната организација „Кенср рисрч“, која ги предводи сите кампањи за намалување на ризикот од добивање рак, го поздравија ова најново решение на Владата.

Истражувањето, што го спроведе  Министерството за здравство покажува дека сите возрасни пушачи, почнале да пушат уште пред да наполнат 18 години. Меѓу децата и тинејџерите пушачи, над 11 отсто се снабдуваат со цигари, купувајќи од автоматите поставени по пабовите. Забраната за продавање цигари од автомати ќе се прошири и во другите делови од Велика Британија во текот на идната година.

Од април в година во Англија и во Шкотска освен тоа цигарите нема да смеат да бидат изложени на отворено во регалите, три години подоцна ова ќе важи и за малите продавници.

Автор: ЖА/ АТ/ миа/ дв

Редактор: Александра Трајковска