1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан предупредува од граѓанска војна во Ирак

19 септември 2006

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан упати апел за спречување граѓанска војна во Ирак.Развојот на земјата е осуден на пропаст ако не постои сеопфатна меѓународна поддршка.

https://p.dw.com/p/AdxB
Фотографија: AP

Секојдневната слика во Ирак носи печат на насилство,самоубиствени атентати и далечински активирани бомби.И на почетокот на оваа недела во различни градови загинаа повеќе луѓе.Светот се чини како одамна веќе да се навикна на вакви вести.Генералниот секретар на ОН Кофи Анан сака да ја размрда меѓународната заедница.Тој зборуваше за акутна опасност од растурање на ирачката држава.Ирачките политичари стојат пред крстосница:

"Ако тие можат да ги адресираат потребите и заедничките интереси на сите Ирачани,тогаш ветувањето за мир и благосостојба е остварливо.

Но,ако продолжат тенденциите на насилство,тогаш постои голема опасност од распад на ирачката држава и сеопшта граѓанска војна",рече Анан.

Истовремено Анан апелираше до соседите на Ирак,САД и другите членки на ОН до крајот на 2006 година да предложат петгодишна програма за обнова на земјата.