1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амро Банка – преземање

29 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anu3

Троен конзорциум предводен од Ројал бенк оф Скотланд поднесе официјална понуда за преземање на холандската Амро банка. Според информации на банките, понудата од 71 милијарда евра е за 14% подобра од веќе постојната понуда на британската банка Беркли. Тројниот конзорциум има намера по купувањето да ја подели на три дела холандската Амро банка. Покрај Ројал бенк оф Скотланд, во конзорциумот учествуваат уште шпанската банка Сантандер и Фортис.