Амнести го критикува Гвантанамо
5 април 2007Реклама
Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл ги обвини САД дека дополнително ги заостриле условите во затвореничкиот логор Гвантанамо на Куба.Тврдењата дека таму со затворениците се постапува правилно и човечки,не одговараат на вистината.80 проценти од околу 400 затвореници се наоѓаат во одделни келии,самици без речиси никаков контакт со надворешниот свет,критикува Амнести во новиот извештај.Организацијата повторно побара затворање на логорот.