1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американско –руски несогласувања околу ракетниот штит

13 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bqa6

Американските планови за ракетен одбранбен систем во Источна Европа и натаму ги оптоваруваат односите меѓу Русија и САД.Рускиот претседател Владимир Путин при средбата со американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс по повтори противењето на овие планови.Вашингтон со нив ги загрозува врските со Москва,рече Путин.На почетокот на средбата тој го доведе во прашање договорот за разоружување кој го склучија Русија и САД во 1987 година,а кој предвидува забрана за стационирање атомски ракети со среден дострел.