1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американскиот источен брег се подготвува за „Сенди“

ЕМФ/дв27 октомври 2012

Ураганот „Сенди“ остави пустош на Карибите. Најмалку 40 луѓе го загубија животот во тој регион. Сега ураганот се приближувва до американскиот источен брег.

https://p.dw.com/p/16Y2U
Фотографија: dapd

„Сенди“ во Карипскиот регион остави зад себе десетици жртви и огромни материјални штети. Само на Хаити загинаа околу 25 луѓе. Според портпарол на Службата за заштита од катастрофи на Хаити, дел од загинатите се обидувале да ги преминат реките надојдени од огромните дождови.

На Куба животот го загубија најмалку 11 луѓе. Ветрот корнеше покриви, дрвја и далноводи, а поради поројните дождови и поплави се урнаа голем број куќи и колиби. Ова беше најтешката бура на Куба од 2005 година.

Вчера „Сенди“ го погоди и главниот остров на Бахамите. Таму загина едно лице, а има и поплави и прекини на електричната мрежа. Дел од помалите острови се отсечени од светот.

Hurrikan Sandy 2012 Kuba
Фотографија: REUTERS

Во меѓувреме „Сенди“ загуби малку на сила и сега е категоризириран како ураган од прв степен. Брзината на ветрот изнесува меѓу 119 и 153 километри на час. Сепак, се заканува опасност бурата наредната недела да го погоди целиот источен брег на САД. Метеоролозите стравуваат дека ураганот би можел да се спои со студениот бран „Франкенсторм“ и да се претвори во „бура чудовиште“. „Се‘ укажува на многу сериозно, можеби и историско невреме“, изјави директорот на американската метеоролшка служба, Џеф Мастерс.