Американска делегација во Северна Кореја
9 април 2007Реклама
Во Северна Кореја допатува висока по ранг американска делегација предводена од поранешниот амбасадор во ОН Бил Ричардсон.Официјално целта е организирање преземање на телата на загинатите американски војници во Корејската војна.Белата куќа потенцираше дека посетата не е во никаква врска со преговорите околу севернокорејската атомска програма.