Алжир-бомбашки напад
11 април 2007Реклама
Во бомбашки напад врз зградата на кабинетот на алжирскиот премиер Абделазиз Балкадем според првичните информации загинале најмалку 9 лица . Балкадем кој минал неповреден го означи нападот како терористички акт. Нападот веројатно бил изведен со автомобил бомба . Сеуште не е познато кои се извршителите и мотивите за нападот .
Во друг напад врз една полициска патрола во Алжир што се случи речиси истовремено како и првиот загинаа осум лица.