1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанско-српско „братство и единство“ во шверц

Марина Максимовиќ / Александар Методијев7 јуни 2012

Во моментите кога ЕУЛЕКС најавува намалување на бројот на својот персонал на Косово, истражувањата покажуваат процут на сивата економија меѓу Србија и Косово. Дали властите од двете се подготвени да се справат со тоа?

https://p.dw.com/p/153ol
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Слободата на движење на луѓе и стока меѓу Косово и Србија“ беше тема на проектот на кој во минатата година работеше Центарот за регионализам од Нови Сад и организацијата Мајка Тереза од Приштина. Проектот е подржан од ЕУ и со него фокусот беше ставен на анализа на ситуацијата на северот од Косово, како и на проценката на сивата зона во трговијата. Резултатите се собрани и од косовска и од српска страна и им се претставени на европските функционери во Брисел.

Karte von Kosovo Serbien Albanien und Montenegro
Српските граѓани на северот од Косово до скоро не плаќале ДДВ за автомобили, нафтени деревати и мобилна телефонијаФотографија: AP GraphicsBank/DW

„Околу 40 проценти од движењето на стоката меѓу Србија и Косово се одвива во т.н. ’сива зона’, што отвора огромен простор за махинации и богатење на еден број тајкуни поврзани со политичарите. Тука постои албанско-српско ’братство и единство’, бидејќи без тоа ова не би можело да функционира“, изјави за Дојче веле директорот на новосадскиот Центар за регионализам Александар Попов.

Тој додава дека за ваквата состојба придонеле и уредбите на српската влада, со кои граѓаните од северот на Косово од 2005-та година, па се до неодамнешната суспензија на некои од уредбите, беа ослободени од плаќањето на ДДВ за нафтените деривати, автомобилите и мобилната телефонија.

ЕУ: „Драматичен напредок на царинските стандарди на Косово“

Речиси истовремено со претставувањето на резултатите од овој проект во Брисел се претставени и стратешките планови на европската полициско-судска мисија на Косово. Командантот за цивилни операции во европската дипломатска служба Хансјорг Хабер најави постепено намалување на контингентот и улогата на ЕУЛЕКС на Косово. Тој меѓу другото тоа го објасни и со напредокот направен од страна на косовските власти, кој според неговите зборови е највидлив во царината.

„Царнските стандарди се драматично поправени на Косово, а косовската полиција го зголеми своето ниво на професионалност. Тоа го овозможува смалувањето на нашето влијание, посебно во провинциите, а секојдневната работа на ЕУЛЕКС во мониторингот, менторството и советувањето станува поопуштена“, изјави Хансјорг Хабер.

Hansjörg Haber künftiger Leiter der EU-Mission in Georgien
Хансјорг Хабер смета дека стандардите во косовската царина се драматично подобрениФотографија: picture-alliance/ dpa

Во Брисел веќе е соопштено дека бројот на персоналот на ЕУЛЕКС ќе се намали ова лето за 25 проценти, дека најмногу ќе се намали бројот на царинскиот и полицискиот персонал, додека правосудството, областа за која е оценето дека и натаму им е потребна помош на косовските власти, ќе остане во фокусот на ЕУЛЕКС.

Одговорноста и улогата на ЕУ во српско-косовскиот проблем

„Намалувањето на присуството на ЕУЛЕКС на Косово е спротивно на сите наши наоди“, забележува за Дојче веле директорот на Центарот за регионализам Александар Попов. Тој додава дека „доколку нема адекватен персонал во ликот на ЕУЛЕКС, ќе биде тешко да се примени договореното во дијалогот меѓу Белград и Приштина за интегрираното управување на границите, што е еден начин за отстранување на сивата економија и криминалот којшто се случува во трговијата меѓу Србија и Косово и обратно“.

Попов ја нагласува и неопходноста за наоѓање на политичко решение на северот од Косово, бидејќи се исцрпува можноста за технички дијалог. „Без согласност на жителите од северот на Косово, властите во Приштина нема да можат ефикасно да го контролираат северот“, вели Попов и додава дека е неопходно постоењето на сила која во кризни ситуации ќе може да ги заштити Србите, доколку се направи обид за некој неочекуван потег, спротивно на договорите кои би воделе кон мирно решавање на проблемите.