Албанскиот претседател ги измешал Божик и Велигден
25 декември 2013Реклама
Во неговата честитка по повод Божикните празници албанскиот претседател БујарНишани зборува за воскреснување на Христос, а не за неговото раѓање.
Гафот на претседателот оди понатаму кога вели дека Божик е празник на воскресението. Честит Божик. „Честит светиот ден на Воскреснувањето. Божик, кој е ден на Воскреснувањето претставува празник на трпение, благосостоја, разбирање, доближување, помирување, мир, разубавување и богатство на животот“, пишува Нишани во честитката. Сличен гаф лани направи и косовската претседателка Атифете Јахјага.