1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Акционерите не го добија очекуваниот одговор

Андре Тон5 април 2007

Собраниете на акционерите на ДагмлерКрајслер не доби сознание дали ќе биде продаден Крајслер, американскиот дел од концернот

https://p.dw.com/p/AeIt
Симболите на Крајслер и на Дајмлер
Симболите на Крајслер и на ДајмлерФотографија: picture-alliance/ dpa

Акционерите на германско-американскиот автомобилски концерн ДајмлерКрајслер на вчерашното собрание помалку ги интересираше она што вообичаено е најзанимливо за нив: добивките или загубите, курсот на акциите или постигнувањата на деловното раководство. Централно прашање е кога претпријатието ќе се раздели од својот американски дел, фирмата Крајслер, која повторно бележи загуби. Но, тие не го добија очекуваниот одговор од првиот човек на претпријатието Дитер Цече.

“Сакаме да изнајдеме најдобро решение за Крајслер-групата и за целиот ДајмлерКрајслер. Поради тоа би било неодговорно да не ги провериме сите опции или да ги објавиме недефинитивните идеи” – рече шефот на концернот Дитер Цече. Основен услов за сите опции бил консеквентно спроведување на планот за обнова и трансформација за Крајслер повторно да остварува добивка. Планирано било да продолжат заедничките проекти меѓу Крајслер и Мерцедес, разумни за обете страни.

Тоа беше се’ што акционерите слушнаа од Дитер Цече за темата што најмногу ги интересира. Цече не кажа како би изгледала таа соработка ако Крајслер го промени сопственикот. Поради избегнувањето јасен одговор беше критикуван од акционерите, кои Крајслер го означија како камен обесен на вратот од концернот. “Очекувам, всушност, Крајслер конечно да биде отфрлен, за да може фирмата Дајмлер Бенц добро да се опорави”. “Моето мото секогаш беше: на прво место квалитет, но во кратко време”. “Бараме зголемување на дивидендата” - тоа е гласот на акционерите.

Повисока дивиденда годинава нема да добијат. Наспроти сите нивни прашања и барања, Цече ширеше оптимизам: се’ оди според планот, Мерцедес и одделот за стопански возила повторно остваруваат поголема добивка.

Па сепак, вкупниот приход стагнира, оперативната добивка во делот на производство на автомобили заостанува зад самопоставените цели. 2007-ма ќе биде тест-година, но ДајмлерКрајслер ќе опстои, уверуваше шефот на концернот и најави пласирање на пазарот 20 нови, поекономични и поеколошки модели на автомобили до 2009-та. “Истовремено планираме да инвестираме 2,3 милијарди евра во нови мотори и оски. Со тоа ќе создадеме основа за продолжување на продуктната офанзива на групата Крајслер со посилно фокусирање врз автомобили со помала потрошувачка”.

Цече избегна изјаснување, но во шпекулациите во медиумите и во деловните кругови продажбата на Крајслер е речиси готова работа. Веќе се спомнуваат и конкретни имиња: финаниските инвеститори Серберус и Блекстоун, како и канадскиот лиферант на автомобилски делови Магна, наводно веќе ја поднесле својата понуда за купување на Крајслер. Американскиот весник “Детроит њус” вчера извести дека до крајот на месецов концернот ДајмлерКрајслер ќе одбере некој од понудувачите како ексклузивен преговарачки партнер и очекува да постигне цена од околу 8 милијарди долари.