Комисијата која ги контролира досиејата на Штази добива по околу 5 илјади барања месечно за увид во актите од страна на граѓаните. Луѓето сакаат да знаат дали тајната служба на поранешната ГДР ги следела. Работата на комисијата во меѓувреме е продолжена за уште пет години.